
Министерот Филипче ќе го разреши директорот во ЦЗЈ Велес
Директорот на Центарот за јавно здравје во Велес, Тони Димитриев ќе биде разрешен.
Ова доаѓа откако беа утврдени неправилности а беа објавени во извештајот на државниот инспекторат.
Утре а најдоцна задутре ќе биде поставен ноов директор најави министерот за здравство.
Тој сега убедува дека центарот функционира нормално и се земаат брисеви, но дека претходно е нотирано дека не се почитувале протоклите за работа, не биле земани епидемиолошки анкети од заразени, а решенија за изолација или не биле давани или се пишувале рачно.