Ќе се разгледува предлогот оние кои не носат маски да се казнуваат веднаш

На седница на влада ќе се разгледува предлогот на министерството за здравство граѓаните кои не носат заштитна опрема надвор да се казнуваат најдоцна од утре. Првично со Уредбата, беше предвидено граѓаните најпрво да бидат опоменувани до 30 април, а потоа казнувани.

Меѓутоа, по скратувањето на полицискиот час и продолженото време за излегување надвор, дел од граѓаните не ги почитуваа мерките за задолжително носење на маски на отворено кога не можат да држат растојание од два метри, се групираат незаштитени или пак неправилно ги носат маските. Глобата за граѓаните за непочитување на мерките изнесува 20 евра. Со заштитата на устата или носот пред сѐ се намалува можноста носител на вирусот да зарази други лица. Секундарна придобивка би требало да биде спречување на допири на устата или носот со рацете, кои можеби се контаминирани по допир на јавни површини.

Со оглед на непослушноста на граѓаните, владата ќе одлучува и дали полицискиот час за први мај ќе почне порано, поточно од четврток. На денешната седница на координативното тело не е договорено кога да почне полицискиот час. Епидемиолозите сметаат дека тој треба да почне од четврток вечер и да заврши во понеделник во 5 часот наутро, но од владата на мислење дека сепак полицискиот час да почне од петок , но попладне, а не од 19 часот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ