По повеќе од еден месец во Дебар први прекршувања на забраната за движење

По повеќе од еден месец во Дебар за време на последното деноноќие регистрирани се првите прекршувања на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус.

-Во текот на изминатото деноноќие (26/27 април), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид-19, според статистичките податоци на подрачјето на СВР Охрид, во Дебар три лица не ја почитувале забраната за движење. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „ непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Посочи дека во овој извештаен период во општините Дебар и Центар Жупа, кои се под надлежност на Дебарското одделение за внатрешни работи не се евидентирани кражби, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди.

Во Дебар во самоизолација се 16 лица и кај сите извршена е контрола од страна на полициски службеници.

Досега дебрани беа најдоследни во почитувањето на забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, споредено со жителите од останатите општини, кои ги покрива Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ