Кумановскиот случај сличен на оној со директорката од кожната клиника, тврдат извори од МВР за Телма

Истрагата на државниот инспекторат за случајот Куманово води кон членовите на кризниот штаб дознава Телма. Според информации од таму прекршокот кој е сторен е на ниво на оној со директорката на Кожната клиника и на скопјанецот кој не ја откри вистината во епидемиолошката анкета.

Сепак во овој случај, велат изворите се вклучени уште поголем број на луѓе кои најверојатно го прекршиле здравствениот протокол.  Од МВР за сега не сакаат да откријат никакви детали, но велат ќе се консултираат со обвинител и доколку има елементи на кривично дело тогаш не ја исклучуваат можноста за кривично гонење.

Настанот кој го истражуваше инспекторатот се случи во среда на 15 ти април во Куманово. На седницата на кризниот штаб ден по тоа се утврди дека присуствувале петмина меѓу кои и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кои чекале резултати за корона вирус а по ова излегоа позитивни.

Ако се погледне поканата до медиумите е испратена од владата а најавени се дека на седницата ќе присуствуваат премиерот олицер спасовски, вицепремиерот Бујар османи и министерот Венко Филипче, а се најавени и изјави за медиуми. Претходно владата тврдеше дека отишле на покана на градоначалникот но според она што може да се види и информациите кои ги има телма сепак тоа била владина одлука.

Додатно е одлучено таму да отиде и министерот за образование Арбер Адеми. Заедно со медиумските работници сега тие се во самоизолација, но во меѓувреме градоначалникот сам објави дека и покрај тоа што е во карантин излегол од дома и заедно со својата сопруга сами се тестирале повторно и се негативни.

Кој го транспортирал Максим Димитриевски до двете приватни болници кој сам ги наведе се уште нема одговор. Сега ДСЗИ додатно истражува дали е злоупотребено болничко возило од кумановската болница од здравствениот дом или пак од некоја друга институција. Сепак од таму велат дека протоколот за тестирање не е почитуван од самиот старт.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ