
Ангеловска: Најдоцна за три недели – ќе бидат обелоденети анализите за злоупотребите со екстралесното гориво
Најдоцна за три недели – ќе бидат обелоденети анализите што Министерството за финансии, Министерството за економија и Цраинската Управа ги прават за злоупотребите со екстралесното гориво – соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска. Проблемот се провлекува со години а во земјава се трошат 50 милиони литри екстралесно гориво иако за да се греат домаќинстава потребни се 5 милиони литри. Дека злоупотреби има признаваат и институциите – но од финасии велат бараат системско решение.
„Тоа подразбира прво изедначување и кревање на квалитетот односно промена на правилникот за кревање на квалитетот односно оној процент на сулфур кој го има екстралесното гориво за да се зголеми квалитетот. Потоа колку точно во 2019 година е потрошено од буџетските корисници со оние тендерски постапки бидејќи знаеме дека сега не е грејна сезона и е забрането ЕЛ за малопродажба но сепак во овој период учествува со околу 25% во вкупно потрошената количина на годишнмо ниво. Тоа значи дека има потрошувачка – големопрдажба можеби од складиштата. Но затоа ќе треба поддетална анализа за да донесеме решение на подггл рок кое ќе биде базирано на податоци анализи и факти и ќе биде за доброто на сите граѓани и животната средина а нема да наптети и да биде во форма на ад хок одлука која ќе повлече понатаму нешто друго. Анализите се изработуваат – следната ендела ќе има состанок рабтона а група и може да се каже деказ адве три недели ќе има првични анализа на каде се движиме и кој нашиот рпедлог за ова прашање, рече Нина Ангеловска, министер за финансии.