
Протест пред фармацевската куќа Јака80 во Радовиш
Протест пред фармацевската куќа Јака80 во Радовиш. Поранешни вработени си ги бараат парите по основ на плата и отпремнина од фабриката. Велат дека фабриката во Радовиш е затворена и никој не им кажува кога ќе ги исплатат.
Пред фабриката дојдоа и лица коишто се водат како вработени во Јака80, но велат дека плата не зеле цела ланска година.
Фармацевтската и козметичка куќа Јака 80 пред десетина години го префрли производството од Радовиш до Скопје, но статусот на триесетина вработени од Радовиш не е решен. Од компанијата не излегоа со став за денешниот протест, ниту кога планираат да ги исплатат сегашните и поранешните вработени.
Сузана Мицева