Одложено судењето на насилниците кои тепаа девојка во станбена зграда во Штип

Двајцата штипјани кои претепаа и навредуваа 21 годишна девојка во влез на станбена зграда, а насилството го снимале на мобилен телефон утринава влегоа во судницата во штипскиот суд.

Пристигнаа со затворското комбе од Куманово. Но, по еден час се одложи, за наредниот вторник, откако бранителот на двајцата побара да се види со нив во кумановскиот затвор.

Бидејќи се работи за итен притворски предмет судењето ќе продолжи на 28-ми Април. Тој период му го даде судот на бранителот да ја подготви одбраната на  обвинетите, велат од Основниот суд во Штип.

Поради посебните мерки во затворите да не се шири коронавирусот бранителот  Зафиров  досега немал контакт со момчињата,  ќе се обиде утре да се сретне со нив за да направи стратегија за одбраната.

Двете момчиња на возраст од 23 и 26 години беа откриени на 2 април, кога беше објавено видеото на социјалните мрежи.

Јавноста го изрази својот револт против насилството врз 21 годишната девојка. Адвокатот Зафариев вели дека има притисок од јавноста, веќе на своја кожа ги почуствувал  навредите и клетвите, но според него секој има право на бранител.

Против момчињата поднесено е обвинение за извршено кривично дело насилство, а за вакво дело казната е од шест месесци до пет години затвор. Жртвата, 21 годишната девојка изминатиот месец доби поддршка од тимовите на Центарот за социјални работи и Невладината Ехо.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ