
Судиите бараат уставен да го укине кратењето на платите
Над 500 судии го поддржале барањето, здруженито на судии го прифати и испрати до уставниот суд , а идејата да се спротистават на кратењето на платата отпочнала во најголемиот суд во земјава. „Скопска двојка“ или граѓанскиот суд прв поднел барање до своите колеги во здружението на судии борбата за цела плата за месеците април и мај да ја водат пред уставниот суд. Предлогот бил доставен до сите судови во земјата, а по согласнсота од членовите на здружението управниот одбор едногласно одлучил да испрати иницијатива до уставниот суд за оценување на уредбата на владата со која платите на сите именувани функционери меѓу кои и судиите и обвинителите да им се исплати минимална плата за месеците април и мај.
Иницијативата е стасана во уставен, отворен е предмет, но кога ќе се разгледува одговор засега нема.
„Оваа недела е пристигната иницијативата за оценување на уставноста на уредбата на владата од здружението на судии. Претходно добивме иницијатива од физичко лице која се однесува на уредбата на владата за кратење на платите на 14.500 за месец април и мај. Отворен е предмет и ќе се постапува“ – тврди уставниот суд.
За разлика од здружението на судии кои одбиваат јавно да ја коментираат поднесената иницијатива, здружението на обвинители спас на платата бараат од ресорната министерка Рената Десковска.
Според законот за јавно обвинителство намалувањето на плата е возможно само како дисциплинска мерка.
Заради предмети против прекршителите на мерките во време на пандемија обемот на работа е зголемен, а не намален како како што посочи владата
Сметаме дека износот на платите на јавните обвинители не би требало да изнесува во висината на минимална плата до месец декемри 2019 година од 14.500 денари. Намалувањето на платите на јавните обвинители е нужно, но не на износ пропишан со наведената уредба со законска сила, оценуваат обвинителите.
Додека двете здруженија на судии и обвинители здружено ја спорат уредбата на владата, јавниот обвинител различно од ставот на неговите колеги повика на солидарност и прифаќање на минимална плата, бидејќи се работи со намален интензитет.
Од редовите на судиите најгласна е судијката Добрила Кацарска од кривичниот суд во Скопје која не се согласува со ставот на своите колеги и доколку се промени уредбата, односно уставниот суд ја оспори, таа најави дека платта ќе је донира во борбата против корона вирусот.
Павле Беловски