Докторката од кочанската болница демантира дека директорот не знаел дека се тестирала

Докторката од Кочанската болница за која директорот вчера тврдеше дека се тестирала за корона вирус и никој во болницата не знаел за тоа, ја демантира неговата изјава.

Се тестирала самоиницијативно, без да има симптоми поради тоа што постојано има контакти со суспектни пациенти, а за тоа знаеле во болницата. На резултат чекала 11 денови, по што добила позитивен тест и покрај тоа што во меѓувреме и рекле дека е негативна.

Директорот на болницата Александар Серафимовски вчера за телма изјави дека не биле известени дека правела тест, но дека додека ги чекала резултатите само еднаш била дежурна и секогаш најмногу внимавала.

Според инспекторатот направен е вонреден надзор и утврдено е дека протоколите на интерното одделение се целосно почитувани, дека има 6 мина пациенти кои се на интерното одделение дека персоналот паузата ја користи поединечно и дека се држи дистанца.

Таа вели дека и други нејзини колеги се тестирале кога и таа.

Во меѓувреме две нејзини колешки се испратени во домашна изолација. За тоа како се заразила докторката истражуваат епидемиолошките служби.

Таа пак вели дека и покрај тоа што е заразена и понатаму ќе и остане доследна на својата професија.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ