Пендаровски – Матарела: Потребен е сеопфатен одговор на ЕУ за справување со последиците од Ковид-19
Претседателот Стево Пендаровски денеска во телефонски разговор со претседателот на Република Италија, Серџо Матарела во името на граѓаните на Македонија и во свое лично име изрази сочуство за големиот бројна жртви, изрази солидарност со Италија која е меѓу најпогодените од пандемијата на коронавирусот и се заблагодари за конзистентната поддршка од Италија во евроатланстиот процес и интеграции.
Претседателот Матарела пак, упати честитки по повод членството на Македонија во НАТО и одлуката за отворање на пристапните преговори за членство во Европската Унија.
Двајцата претседатели разменија информации за состојбите во двете држави и за справувањето со последиците од пандемијата.
„Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски посочи на неопходноста од сеопфатен европски одговор за справување со последиците од кризата, кој покрај кон спречување на ширењето на вирусот и обезбедување на медицинска и заштитна опрема, треба да биде насочен и кон поддршка на економијата, бизнисот и сочувувањето на работните места на граѓаните“, соопштија од неговиот Кабинет.