Педесетина пациенти се лекувале со антималарискиот лек

Се е подготвено, донaтории има, останува уште да се собере крвна плазма и за скоро време да започне овој третман за лекување на пацинетите заболени од Ковид 19 во земјава, потврди за Телма директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ.

Директорката на инфектвина објаснува и какви се првичните  согледувања од лекувањето со антималарискиот лек Хидрохлорокин. До сега над 50 пацинети примале од оваа терапија за кој во светската јавност има различн искуства. Кај 5 пацинети било прекинато примањето на овој лек поради опасност со проблеми со срцето а има и пацинети што се оздравени. Се користи и анти хив терапија против Ковид-19.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ