Терапијата за пациентите со малигни заболувања ќе се транспортира до најблиската болница

Клиниката за онкологија во Скопје ги подготвува протоколите со кои пацинетите што примаат терапијата која се инјектира поткожно како и таблетарна терапија, ќе им биде дистрибуирана во најблиските болници за да не доаѓаат во Скопје во време на корона кризата.

Директорт на Онкологија Нино Васев во разговор за Телма вели дека пациентите кои земаат хемотерапија ќе можат да продолжат во онколошките центри низ државата. За случајот со битолчанката која вчера во изјава за Телма рече дека во битолската болница била вратена и и било речено терапијата да си ја прими во Скопје Васев вели дека за случајот слушал од телевизија, но дека пациентите не треба да се враќаат.

На оваа клиника со 250 вработени шестмина вработени се позитвини на Ковид-19, од кои тројца доктори, а 15-мина поради контактот со нив се во самоизолација.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ