Само медицинските типови на заштитни маски се соодветна превенција за коронавирус

Најпрво вода, сапун и дезинфициенс – а, потоа заштита на лицето. Според стручните медицински лица, заштитната маска за превенција од Корона има ефект само ако правилно се применува.

Ако не се испочитува редот како треба да се стави и потоа да се отстрани маската – може да биде повеќе штетно отколку и воопшто да не се користи маска.

Голема е побарувачката на маски во аптеките, а нови мерки на надлежните значат и задолжително носење на таква заштита во одредени места. Но, доказ за ефикасност во превенцијата има само кога станува збор за медицинските типови на маски.

Иако доста се употребувани и немедицинските маски изработени од памук или пак шал преку устата и носот – за ова медицината не може да понуди доказ дека ќе го заштити човекот од инфекција.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ