
Лекарка од Кочани 11 дена чекала резултат од тестирање и одела на работа заразена со КОВИД 19
Позитивна на Ковид 19, лекарка-интернистка во Кочани цели 11 дена чекала резултати од тестирањето за кое не знаел никој во болницата. Таа преку матичен лекар добила упат за тестирање и за тоа време давала и дежурство. Резултатите биле дознаени во понеделникот навечер.
Александар Серафимовски, директор на Општа болница Кочани:
-Таа беше дежурна во саботата, а тројца колеги се испратени во самоизолација и ги чекаме нивните резултати. Не бевме известени дека правела тест и и беше наложено да достави писмен извештај до надлежните. Лекарката беше заштитена секогаш на смена и најмногу внимаваше.
Државниот здарвствено-санитарен инспекторат извршил вонреден надзор и ги утврдил датумите за тестирањето, а дополнително ќе прави надзор и како матичниот лекар издал упат за тест бидејќи станувало збор за асимптоматски случај.
Извештај на ДЗСИ:
-Лекарката била тестирана на 9-ти април, а резултатот е добиен на 20-ти април навечер. Во тој период лекарката била дежурна еднаш. Утврдено е дека персоналот секогаш ги почитувал протоколите за заштита, секогаш носеле заштитни маски, одела за еднократна употреба и ракавици, и е вршена дезинфекција на одделението. На интерното одделение се сместени 6 пациенти кои се распоредени во засебни изолирани соби. Перосналот ја користи паузата поединечно и со запазување на пропишаната дистанца, а времето за пауза го поминуваат на тераса.
Епидемиологот од локалниот институт за јавно здравје ја врши анкетата за да се утврди како е заразена лекарката, а две нејзини колешки од кочанската болница сега се под надзор во домашни услови заедно со своите семејства, ни потврди Ирина Бухова од Инспекторатот.
Миомир Серафиновиќ