Лекарите излекувани, повторно започна со работа приватната амблуанта ,,Педиатрија Д,, во Дебар

Денеска повторно по повеке од месец дена , започна со работа приватната детската амбуланта ,,Педиатрија Д,, во Дебар ,која престана со работа поради тоа што цел  медицински оперсонал беше болен од Коронавирус.

Педијатарот Арбен Аголи изјави дека ,,По извршените доплонителни тестирања и земени брисеви, цел персонал – двајца специјалисти педијатри и три медеицински сестри  е излекувани. Пероналот во законските рокови беше во домашна изолација и беше лекуван успешно,, истакна Аголи и додаде дека детската амбуланта е отворена и работи во согласност со мерките на владата.

Првата детска амбуланта во Дебар ,,Педијатрија Д,, има голем број на пациенти деца како од општината Дебар ,така и од општините Центар Жупа и Маврово – Ростуше.

Инаку денеска по околу 2 месеци стартуваше и работата на  компаниите за превоз на патници каде што работаат над 12о вработени .  Според сопствениците на овие компании засега се активирани само 2о насто од возилата со кои сега дебарчани моѓат да патуваат кон Скопје и Струга.

Кенан Мимидиноски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ