Во Прилеп седум нови случаи на Ковид-19 и по еден во Долнени и Кривогаштани

Речиси без исклукот, прилепчани денеска излегоа од дома  со лична заштитна  опрема. Во редицте пред банкте, пред маректи и аптеки,   граѓаните ја почитуваат одлуката за задолжително носење маска, шал, марама  надвор од домовите, на сите јавни места од отворен и затворен тип, која е во сила од денеска. Со истата мерка се препорачаву граѓаните да го редуцираат излегувањето од дома за најнеопходни потреби, а еден челен од семејството  да ги набавува основните продукти.   Полицијата со засилени патроли  низ Прилеп  контролира дали се  почитуваат мерките.

-Во редe  поради безбедносни причини, во ред е да се носи маска. Рeтко коj н еноси, сега повеќе сe почитува, а би требало да се почитува оваа мерка и понатаму, велат прилепчани 

Дел од граѓаните веќе се снабдиле со маски, а дел ги снабдуба општина Прилеп преку волонтери кои се на повеќе локации низ градот, потоа во месните заедници, а маски има и за здруженијата на пензионери. Максите ги изработваат три прилепски конфекциски фирми кои ги донираат за граѓаните.

Инаку денеска во Прилеп има девет новозаболени, со што вкупниот број  позитивни на КОВИД-19 се искачи на 126 лица. 19 пациенти се хоспитализрани во Инфективното одделение, а 2 од нив се на кислородна поддршка. Над 300 лица од Прилеп се во домашна самоизолација.  

Емилија Мисирлевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ