Македонски доброволец за тестирање за вакцината против КОВИД 19 на Оксфорд-Во исчекување сум да помогнам

Македонецот Борко Андреевски кој живее во Англија ќе учествува во тестирањето за вакцината против корона вирусот на Универзитетот Оксфорд.

Андреевски за Телма во разговор преку фејсбук потврди дека доброволно се пријавил за тестирањето со желба да помогне во ситуацијата. Ни објасни дека во процесот ќе учествуваат 500 млади и здрави волонтери. Извршени му се прегледите з да се утврди дали одговара на условите за тестирањето. Тестирањето на Оксфорд првин ќе почне на еден волентер, потоа на група од 5-мина и на крај ќе бидат тестирани сите 500-тини пријавени.

–Сега сум во исчекување да ми кажат кога треба да одам по вакцината и после тоа се оди на 6 прегледи во рок од три месеци, ни рече Андреевски.

Универзитетот во Оксфорд веќе има тестирано вакцина за друг корона вирус, за МЕРС во 2012-та и врз основа на тогашните сознанија е направена и оваа вакцина за КОВИД 19 чие тестирање треба да почне од утре.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ