Во Тетово забранет јавниот и приватниот превоз на патници

Во Тетово денес стапи на сила мерката за забрана на јавниот и приватниот организиран превоз на патници, за излез и влез во градот од полошките општини и Скопје.

Од утре започнува да важи одлуката за носење заштитни маски.

Граѓаните да употребуваат маски само кога престојуваат во затворен простор, каде има поголема фрекфенција на луѓе, предложи денес Кризниот штаб на Општина Тетово.

Овој предлог го усвоила Комисијата за заразни болести, а се чека од Владата да го потврди.

Тетовци од утрово започнаа со набавка на маски. Фармацевтите велат дека побарувачката на заштитни маски е зголемена.

Тетовци во анкета се согласуваат со мерката за задолжително носење маски.

Комисијата за заразни болести треба да го разгледа и предлогот на тетовскиот Кризен штаб за намалување на полицискиот час поради месецот Рамазан, кога се очекува да се зголеми бројот на луѓе без социјална дистанца пред продавниците за храна.

Даниела Билбилоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ