Гевгелиското велигденско оро заврши со најмалку еден приведен

Гевгелиското велигденско оро заврши со најмалку еден приведен и неколку идентификувани прекршители на полицискиот час.

Синоќа беше препраќано видео на кое се гледа како дваесетина жители на Гевгелија играат оро на улица за време на тридневниот полициски час.

Уште синоќа е приведено едно лице, додека се врши препознавање на останатите прекршители. На видеото на крајот и се слуша дека еден од гевгеличани кажува дека „полицијата нема да доаѓа, џабе им е. Не им е дозволено“.

Од МВР само кратко соопштија дека се работи на овој случај и ќе бидат санкционирани сите оние кои ја прекршиле забраната.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ