
Во Тетово од утре се забранува јавниот и приватниот организиран превоз на патници
Во Тетово од утре се забранува јавниот и приватниот организиран превоз на патници, за влез и излез во градот од полошките општини и Скопје. Оваа одлука на Владата, како дел од пакетот засилени мерки, кои беа донесени како резултат на зголемување на бројот на случаи со Ковид 19, предизвика збунетост кај граѓаните, кои не знаат за кого точно се однесува оваа мерка. Од локалната самоуправа појаснуваат дека се забранува само движењето на автобуси и комби превозници.
Од петок до денес на тетовското подрачје 16 лица го прекршиле полицискиот час. Најголемиот број прекршувања се регистрирани на третиот ден од карантинот.
Изминатото деноноќие во тетовскиот регион Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема издадено нови решенија за изолација, изјави за самоизолација потпишале 3 лица.
Данијела Билбилоска