
Владата бара граѓаните кои не носат маска, и не држат растојание да бидат сликани и казнувани со новите предлог законски измени
Не носење маска – парична казна. Држење растојание помало од 2 метри парична казна. Групирање повеќе од двајца граѓани, затворска казна. И тоа граѓанитеа прво да бидат фотографирани. Овие предлози да се стават во закон, а текстот да го изработи Министерството за правда гласи владината одлука на последната седница. Потребата е да се зголеми почитувањето на мерките, но и намалување на потребата од воведување од нови рестрикции.
„Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе се нормира начинот и изрекувањето на мандатни казни (со фотографска документација од местото каде граѓанинот е затекнат), како и висината на истите, кон сите физички и правни лица кои нема да ги почитуваат одлуките, мерките и препораки на Владата на Република Северна Македонија кои се однесуваат на групирање на јавни места и површини на повеќе од две лица (за групирање над 5 лица да се смета за кривично дело и да има кривична одговорност) и за непочитување на минимум потребното растојание од два метри и неносење на заштитна опрема.“ – Влада на РСМ
Новиот владин предлог направи конфузија кај министерствата за правда и МВР.
Од правда иако владата од нив побара, велат дека нема да учествуваат во изработката на таква уредба со сила на закон, но би се вклучиле единствено во делот за казните.
Според, министерката Рената Десковска, и да се пропишат казните за овие прекрошоци не смеат да биде виоски. Од министерството за внатрешни работи, пак, неофицијално потврдуваат дека овие три прекрошци е возможно да се додат во постоечкиот Закон за јавен ред и мир , обврската на контрола да биде на МВР.
Нејасно за виоските полициски структури е зошто да се носат вакви казни кога граѓаните и така веќе се под полициски час и во викнд-карантин. Ако, владата размислува да ги казнува за неносење маски и групирање тогаш ќе мора да го релаксира полицискиот час.
Доколку мерките стапат на сила, казните од законот за јавен ред и мир варират од 100 до 2000 евра. Но, дали самите владини претставници кои од синоќа бараат казни за граѓаните ги почитуваа мерките за држње растојание и неносење на заштитина опрема се истражува во случајот Кауманово откако пред 4 дена, Венко Филипче, Оливер Спасовски , Бујар Османи и министерот за образование Арбр Адеми побарале да го посетат тестираниот за корона кризен штаб од Куманово.Тие не знаеле дека градоначалникот и уште десетмина негови соработници се позитивни на вирусот, но затоа водечкиот епидемилог лекарот Жарко Караџовски кој маската ја носеше спуштена под брадата му потпиша решение за самоизолација на вицепремирот Бујар Османи во кое стои дека држеле растојание од 2 метри, иако на снимките се гледа дека вицепремирот стои до градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.
На истата прес конференција, без маска се обраќаат и Димитриевски и техничкиот премиер Оливер Спасовски, а заминувајќи од пултот минува на сантиметри од останатите владини претставници. По, настанот кризниот штаб на Куманово обајви дека се позтивни на вирусот, а 4-цата владини претставници се во задолжителна самоизолација. Случајот се испитува, тврди учесникот во настанот од домашната изолација Венко Филипче.
Павле Беловски