
Помошник директор на кумановксата болница позитивен на Ковид-19
Болка во грбот и нозете, треска и малаксаност се првите симптоми што ги почувствувал интернистот Илбер Исуфи поради што во понеделникот се тестирал а резултатот дека им коронавирус го добил три дена подоцна, ни раскажа во телефонски разговор докторот. Во меѓувреме се развиле и други симптоми на болеста, како тешко дишење, кашлица, температура и дијареа. Сега е на домашно лекување и прима витаминска терапија и ни кажа дека се чувствува добро. Не знае како се заразил дали од колеги, од пациенти или пак на друг начин. Тој е еден од двајцата помошни директори во кумановската болница.
Директорката Снежана Захариева која е во самоизолација исто како и претставниците на владата кои во средата беа на состанокот во општина Куманово вели дека и од дома работи и помага околу организацијата на болницата а таму е физички пристен другиот нејзин заменик Радомир Гелевски. Над 65 вработени во оваа болница се заболени од коронавирус.
Во инфективниот оддел има 17 пациенти а одделот каде периодов се правеше тријажа и се примаа пациенти сомнитлени на Ковид-19 е испразнет поради потребата за рационализација на персоналот, но и намален број на пациенти за болнички третаман, ни рече Захариева. Таму имало 7 пацинети, дел биле пуштени на домашно лекување а дел се испратени во Инфективната клиника во Скопје.
Според податоците на Институтот за јавно здравје до завчера во целата држава регистрирани се 194 случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Елена Ивановска Мукоска