
Министерството за финансии очекува пад од 15 проценти на економијата
Драстичен пад на економската активност од дури 15 отсто во вториот квартал очекува Министерството за финансии, но министерката Ангеловска, не ги соопшти проекциите, колкав ќе биде вкупниот пад на македонската економија годинава.
Постапката за земање евро-обврзница е почната, но иако се најавуваше дека пред да се земе евро-обврзницата, ќе се бараат пари од комерцијалните банки во износ од 400 милиони евра, Ангеловска не даде конкретен одговор, дали земјава не успеа да ги добие тие пари, па затоа оди директно на издавање на евро-обврзницата.