Кувелис: Решение со меѓународен договор

Решението на таканареченото македонско прашање е во корист и на Грција, под условите што се однесуваат на иредентизмот, на обезбедување на границите и на сложено име за севкупна употреба, вели грчкиот алтернативен министер за одбрана, Фотис Кувелис во интервју за весникот „Real news“.

Според него, решението треба да биде со меѓународен договор, но пропратен со уставни промени.

Кувелис смета доколку прашањето остане нерешено постои опасност од експанзија на Турција и додава дека Грција може да придонесе за стабилноста во регионот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ