Бектеши против кратење на платите во администрацијата

Кратење на платите на администријацијата во моментов не треба да има, смета министерот за економија Бектеши, а и неговата парија ДУИ. Остануваат на ставот дека особено се против предлогот да се намалат платите во јавниот сектор на минималец од 14.500 денари. Бектеши ставот го правда со сеопфатни анализи, но вели сепак се ќе зависи и од тоа како ќе се полни и празни буџетот во април и мај.

„Што се однесува до кратењето на јавната администрација, ние се уште стоиме на ставот дека во моментов не треба да се направи такво кратење, а секако не треба да се направи кратење во целата јавна администрација, по првичниот предлог сите да одат на минимална плата“ – рече Бектеши

Иако Владата најави и нови мерки за помош на бизнисот, Бектеши кажа дека откако е објавен вториот сет мерки, од крајот на  минатиот месец, Економскиот совет се нема состанато. Вели предлози и разговори меѓу институциите има, но се уште нема нешто конкретно.

Тој не одговори дали ќе го поддржи  предлогот на Стопанската Комора за изедначување на акцизата на екстралесното гориво со дизелот. Но е категоричен дека има економска оправданост и ќе поддржи покачување на акцизите за два или три денари.

Што значи дека можноста и економска оправданост има и со тоа ако се донесува предлог од страна на Министерството за финансии во Владата за зголемување на акцизата било тоа два или три денари ние како министерство за економија ќе ја поддржиме со механизмот да ако се зголемуваат цените, секако и акцизата да се намали.- рече Бектеши

Анализата пак на Министерството за финансии покажала дека земјава има пониски цени за горивата од региот и тоа од Албаниза за 37 денари, од Косово за 28, од Србија за 33 денари. Бектеши вели мора да се грижиме и за приходите во Буџетот.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ