
Седница на Владата преку видеоконференциска врска
Владата на Република Северна Македонија ќе одржи седница денеска со почеток во 14:00 часот .
Како што информираат од владината прес-служба, седницата ќе се одвива преку видео-интернет комуникација, со цел почитување на мерките и препораките за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19.
За заклучоците од седницата, Владата ќе информира со соопштение по нејзиното завршување.