Општината бара, владата се премислува – дали Куманово ќе биде ставено во карантин

И по два и пол часа интензивни разговори и размена на информации меќу локлната власта и премиерот Оливер Спасовски сеуште нема конкретен одговор на барањата во Куманово да се прогласи кризна состојба и да се вовоеде двонеделен карантин како мерка со која би се спречила заразата на коронавирус во градот која од ден во ден рапидно се шири.

Локалните власти треба да дополнително да достават инфромации околу тоа како би се спровел карантинот, како би се вршеле неопходните набавки на продукти и би оделе на работа во оние институции кои што ќе функционираат и надвор од градот.

За тоа дали во Куманово ќе има карантин ќе одлучи Комисијата за здравство која треба да даде препорака до Владата и таа препорака портоа да се преточи во владина одлука. Премиерот Оливер Спасовски, пред почетокот на средбата кажа дека не мги поддржува најстрогите рестиркции во овој случај пред се бидејќи има голема разлика од Дебар и Куманово во бројот на жители.

Додека градоначалникот и премиерот дискутираа за евентуалното затварање на градот, кумановци раздвижени по градски улици.

Некои со маски и ракавици некои без никаква заштита. Мислењата се поделени за тоа дали карантитнот треба да се вовоеде и ќе биде решение.

Во Куманово и денеска поразителни бројки, нови дваесет и седум заболени од вирусот со што бројката се искачи на вкупно 262 заболени граѓани.

Четириесет и четири од нив се лекари, медицински сестри и персонал во Клиниката.

Во Куманово има и најмногу жртви од коронвирусот – дванаесет а првиот случај беше регистриран пред дваесетина дена.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ