
Хотелите на Шапка подготвени за државен карантин на македонските државјани кои доаѓаат од странство
250 македонски државјани од Италија се очекува да пристигнат во државните карантини во нашата земја.
Пред неколку дена во хотелите на Попова Шапка пристигнала група од 62 лица од Швајцарија.
Медицински тим на Здравствен дом и тетовската Клиничката болница врши прием на патниците со здравствени прегледи.
Во домашна изолација се 180 лица кои се вратиле од Хрватска, Австрија и Швајцарија, а престојуваа 14 дена во државните карантини на Попова Шапка.
Во целата земја има обезбеден капацитет од 2104 легла за македонски државјани кои допатувале од странство, во 19 сместувачки објекти.
Данијела Билбилоска