Здружението христијанско братство нуди заштита за Иванов за Законот за јазиците

Македонија и нејзиното опстојување се причината поради која според  насобраните  граѓани претседателот Иванов не треба да го потпише указот на законот за јазиците. Не станува збор за унапредувања на правата на Албанското малцинство, туку за отварање пат кон разнебитување на  државата и нејзина фередализација, рече поранешниот пратеник Филип Петровски.

Како дилема го постави прашањето каде се во моментов десничарските партии, а на пратениците им порача дека не требале да му дозволат на Талат ЏАфери да се приближи до спикерската маса со што би се избегнало гласањето. Насобраните граѓани оваа власт ја нарекоа предавничка, бидејќи не само што ништо не исполниле од предизборните ветувања, туку , туку со секој потрег се обидуваат да ја разнебидат државата

Здружението Христијаноско братско упати пораки и кон ВМРО ДПМНЕ и кон СДСМ. ВМРО ДПМНЕ во 2008 го донесе овој закон ,кога  тогашниот претседател на собранието ВЕљановски го потпиша рече ЖАрко Гроздановски , а Грруевски кој истури вода врз списите на Џафери за време на неговото владеење го постави за министер за одбрана . Подеднакво остар беше и кон партениците на СДСМ

Здружението христијаснко братство му понуди 24 часовна заштита на опретседателот Иванов ако стравува и се премислува околу потпишувањето на законот. Ова здружение заедно со Македониум и Тврдокорните денеска формираа народен фронст за спас на РМ.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ