Од Венеција се репатрираат 180 македонски граѓани

Со организиран лет од Венеција, денска во земјава ќе пристигнат 180 патници, кои според сите пропишани стандарди ќе поминат 21 ден државен карантин во хотел „Дрим“ во Струга.
Тие од аеродром до локацијата за државен карантин ќе бидат превезени со безбеден и строго контролиран автобуски превоз.  Автобусите се со дезинфицирана внатрешност од страна на сертифицирана компанија, обезбедени со полициска придружба, а возачите се со целосна заштитна опрема и скафандери. За граѓаните има обезбедено закуска и вода.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ