Активна платформата ЕДУИНО за е-учење за деца на предучилишна возраст

Делот за предучилишно образование на платформата за е-учење ЕДУИНО е во функција. Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и останатите партнери подготвија национална платформа за е-учење и игра наречена ЕДУИНО.

ЕДУИНО е едукативна платформа наменета за сите воспитувачи и родители на која може да се најдат, користат и преземат материјали, игри и активности за деца на возраст од 3 до 6 години. Платформата обезбедува содветни содржини за учење базирано на игра во воспитно – образовните институции детски градинки/центри за ран детски развој како и во домот со родителите за да се осигура квалитетна едукација и забава за најмладите. Оваа платформа нуди видеа со разработени воспитно-образовни содржини за децата на предучилишна возраст од 3-6 години. Видеата се во траење од 15-тина минути и се придружени со презентација и нарација од воспитувач.  Досега се поставени над 150 видеа на македонски и албански јазик.

Дигиталната платформа со видео материјали и активности за учење преку игра е достапна на следниот линк: www.eduino.gov.mk

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ