
Нови 4-ца здравствени работници меѓу потврдените случаи корона вирус, досега вкупно 121 од кои 40 во кумановската болница
Меѓу новозаразените од корона вирусот има и 4-рица здравствени работници, или вкупно досега 121. Најмногу, односно 40 се од кумановската болница. Медицински персонал со потврден корона-вирус има и во болницата во Штип. Таму една третина од вработените на инфективното одделение се позитивни на Ковид 19.
Заразени здравствени работници има и во Дебар, Велес, Гостивар, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид и Демир Хисар. Вирусот е потврден и на неколку скопски клиники и во здравствени домови. Заразени се медицински техничар и три медицински сестри на пулмологија.
Но, тие вирусот не го добиле од контакт со пацинети, туку од нивна колешка од Куманово, која патува до работното место