
Четири луѓе починаа на Инфективна клиника – вкупниот број на починати од корона во Македонија достигна 38
На Клиниката за инфективни болести починаа четири лица кај кои бил утврден вирусот Ковид-19. Болнички извори за Телма јавуваат дека еден од починатите е од Велес, еден од Прилеп, а двајца од Скопје.
Со ова вкупниот број на починати досега се искачи на 38. За денешниот биланс на заболени се уште се очекуваат официјалните информации од министерството за здравство.