
Стандард и пурс : Политичките тензии можат да го намалат креидитниот рејтинг
Агенцијата Стандард и Пурс го потврди кредитиниот рејтинг на Македонија во ББ – со стабилен изглед. Економскиот раст годинава ќе изнесува 2,7 % а 3 % во 2019, долгот на државата ке продолжи да расте од 40% колу што изнесуваше во 2017, на 47 % во 2021.Дефицитот од 2,8 % ќе се намали на 2,3 % но во 2020.Стандард и Пурс нотира дека политичката стабилност е подобрена и дека е забележан напредок во решавање на спорот со името што би требало да ја зголеми довербата и да го интензивира економскиот раст но предупреди дека рејтингот може да се влоши доколку се вратат политичките тензии.
“Можеме да ги зголемиме нашите оценки за Македонија ако реформите насочени кон повисок економски раст доведат до побрзо зголемување на нивото на приходи заедно со подобрена ефективност и отчетност.Ние би можеле да ги намалиме рејтинзите ако се вратат поголемите политички тензии, со што ќе се наруши растот и директните странски инвестиции и поткопувајќи ги долгорочни изгледи за раст на земјата.”, оценуваа од Стандард и пурс
Новата политичка неизвесност може да се одрази на одлуките на инвеститорите.Стопанствениците стравуваат дека економијата повторно ќе излезе од фокусот на политичарите.Сакаме да веруваме во заложбите на владата дека ќе продолжи економскиот развој но бизнисот сака стабилна клима велат тие за да инвестира, да биде конкурентен и да остварува профит.
„Што не очекува, како ќе водиме бизнис, почнавме да осеќаме стабилност, да размилсуваме за нови инвестиции, с еосолободивме од притисокот, сега пак на повидок е политичка криза која може да ги успори одлуките на инвеститорите,Ова воопшто не ни е потребно“, вели Миле Бошков од Конфедерација на работодавачи.
Агенцијата Стандард и пурс уште нотира дека и покрај најавената заложба за фискална консолидација, мерките се нејасни и претежно се потпираат на подобрени перформанси на приходите, што претставува опасност за јавните финансии .
Вики С. Зајкова