Бројот на заболени во земјата надмина 800, за едно деноноќие 68 нови

Со 68-те нови случаи бројот на заволени од корона вирусот во земјава надмина 800. По 5-ти април кога беше достгината највисок број на заразени за едно денонокие  72-ца,  денеска бројот на новодијагностицирани се доближи до тој пик

Најмногу  случаи има во Куманово 18  Скопје има 15 а пораст бележат Прилеп со 14 и Струга со 10 случаи. Велес 6 Тетово 2 и Битола Гостивар и Кочани по 1 ново дијагностициран.

Најмногу заболени има во Скопје 312  Куманово 200 Прилеп 72 Дебар 49 Струга 43.

Одговори на дилемите кои се отворија по смртта на мајката и синот од Велес ќе се  знае откако ке се утврди кога починале но и ке се направат сите анализи во институтот за судска медицина. Кај примерок земен од жената е пронајдено присуство на ковид 19 но епидемиоплозите велат не значи дека бил жив.

Според епидемиолозите, стапка на заболчувавање во земјата е 40,3 на 100 илјди жители што е пониска од земјите во регионот а стапка на смртнот 4,1 проценти. Повеќе од 65 отсто од починатите кај нас се над 60 години. Најмногу заболуваат лицата од 50 до 59 години односно се уште бројот на заболени на повозрасни е далеку пониска во однос на другите возрасни групи.

Состојбата со болниците кои третираат пациенти заволени од Ковид 19 денеска е следна: На инфективната клиника хоспитализирани се 69.  18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина. Во 8ми септември вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Тие се стабилни, а еден пациент е повремено на кислородна поддршка. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти.

Елена Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ