Бројот на заболени во Прилеп се искачи на 75

Рапидниот пораст на новозаболени од КОВИД 19 во Прилеп  е причина прилепскиот градначалник Илија Јовановски денеска  да ја повика на помош и Армијата, а ќе предложи и дополнителни мерки. Со денешните 14 нови случаи, и вкупно 75 заболени,  Прилеп е трет град во државата по бројот на позитивни на КОВИД19. Поради тоа Јовановски не ја исклучува можносат да побара и карантин за градот.

-Барам поголема вклученост на армијата за спроведување на мерките и препокрките на Влдата и министертсвото за здравство. Мора да го спречиме групирањето и гужвите пред марктетите и банките. Компаниите во кои има потврдени слачи кои се зараени со коранвирусот не смеат ни да помислат повтроно да ги активираат своите проозиводсвени капацитети, речеи Илја ЈОвановски, градоначалник на Прилеп.

ОД 75 заболени, две третини се работоспособно население. Во Прилеп веќе се затворени неколку поголеми фирми каде се регистрирани позитвни работници на коронавирус.

-Откриваме во нивното семејство со полесни симптоми поминал пред една или две недели. Така да не се виновни ниту сопсевниците на фирмите дека токму од кај нив произлегоол вирусо. Може да се шири вирусот, но тешко се открива кој е оној прв случај, вели Татјана Мургоска Станимировиќ, епидемиолог од Центар за јаано здравје  Прилеп

Во Центарот за јавно здравје досега се земени 280 материјали за тестирање на КОВИД 19. Регистриани се 75 заразени, за 72 се чекаат резултати. во прилепската болница има 12 пациенти,  од нив 6 се потрден. двајца се се потешка клиничка слика, а  исклучително тешките случаи се праќаат на Ифективонаат клиника во Скопје.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ