
Скопје се гуши во отпад, од Комунална Хигиена велат го собирале и вчера редуцирано
Полиицискиот час кој започна во петокот во 16 и ќе трае до утре –понеделник до 05 часот наутро, ги затвори граѓаните по домовите, но и ги преполни контејнерите. При нашата денешна обиколка низ Скопје, најмногу полни контејнери видовме во населбата Аеродром. Од Комунална Хигиена велат дека за разлика од регуларното собирање отпад , кое трае до 5 часот наутро, после четвртокот , тие и вчера –сабота излегле на терен , но собирале отпад само до 14 часот и тоа од индивидуалните домови.
Од ЈП „ Комунална Хигиена“ бараат разбирање од граѓаните за насобраниот смет , зашто како што велат, во ограничени околности за работа, со скратено работно време во втората и со укината трета смена, не можеле да постигнат повеќе.
- Ние се потрудивме колку што можеме , во рамките на она овластување што го имаме да го собереме сметот. Секако дека оние критики , што ги добиваме од граѓаните , на нас ни е јасно што се случува. Јасно ни е дека граѓаните се револтирани. Меѓутоа и тие треба да сфатат дека едноставно не можеме да постигнеме во толку краток рок , секаде да поминеме. А , забележавме и појава дека и покрај полицискиот час, одредени испразнети контејнери, повторно се преполнети, во извесна мера- Ана Марија Бранџолица – портпарол во ЈП„ Комунална Хигиена.
Не се прави разлика при собирањето на отпадот, дали потекнува од домовите на здрави или заболени со ковид-19 граѓани, во домашна изолација. Но, ако се работи за инфицирани, важно е отпадот да биде во две кеси, а првата да биде исполнета само 2/3 од содржината, потенцираат од „ Комунална Хигиена“’.
- Нашите вработени не бираат , ниту пак прашуваат дали граѓаните се заболени или не. Тие го собираат отпадот кој што е одложен во садовите , без разлика дали се работи за контејнери или за куќи, каде отпадот се одлага во канти- Ана Марија Бранџолица- портпарок на ЈП„ Комунална хигиена.
За престојната работна недела и православниот Велигден, од „ Комунална Хигиена“ очекуваат да добијат дозвола за работа до прва и втора смена, до 21 часот навечер, со цел непречено да собираат поголеми количества отпад низ Скопје, согласно мерките и препораките. Но, за тоа прецизен одговор се очекува од утре.
Сотир Трајков