
Спасовски со велигденска честитка до католиците во земјава
Честитка до христијаните со католичка вероисповед по повод празникот Велегдиен упати денеска премиерот Оливер Спасовски. Тој со писмо до Бискупот скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во Македонија, монсињор Киро Стојанов, му го честитал големиот христијански празник Велигден.
„Еден од најсветлите празници годинава го славиме во изолација како подвиг на секој од нас пред искушенијата кои на светско ниво ги донесе пандемијата на коронавирусот Ковид-19, нагласува претседателот на Владата“, Оливер Спасовски.
Спасовски притоа потенцира дека „од нас годинава се очекува да понесеме саможртва за доброто на сите овие денови да ги славиме во изолација за да се заштитиме себеси и ближните“.
„Христос воскресна! Навистина воскресна! Останете дома!“, пишува во честитката на Спасовски по повод празникот Воскресение Христово – Велигден.