
Продолжен полициски час во рурални средини
Ќе зборуваме , но снимајте ме од подалеку – така рекоа лекарите, вака во скопско Петровец не пречека Благуна Спасеска. Живее сама, а поради корона вирусот не и доаѓаат ни децата на гости. За неа нема разлика дали е продолжен полициски час или не , вели животот на село и дворот ја спасуваат од досада. Што се мора не е тешко ни кажа тетка Благуна.
Сликата од дворот на Благуна пресликана и кај незините соседи. Луѓе ручаат на балкон, работата по нивите , си игаат со децата.
Луѓето кои ги сретнавме седнати во своите дворови во Петровец велат дека не ги загрижило тоа што цел викенд нема да смеат да излегуваат. Велат и во нормални услови пазарат еднаш неделно.
Го напуштивме Петровец тивок и мирен како што не пречека , без автомовили и луѓе на улиците.
Како се повеќе се навлегувавме кон центарот на Скопје се зголемуваа и полициските патроли и полоицијаци кој ги проверуваа документите на луѓето кој и во услови на пандемија, сепак мораат да работат.
Теодора Цветковска