
Прилепчани на протест за Законот за јазиците
Прилепчани денеска на пладне се собраа на протест против Законот за јазиците. Ја блокираа крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ и побараа претседателот Ѓорѓе Иванов да не го потпишува указот за законот кој е изгласан во Собранието и итно да се спроведе попис на населението во државата.
-Законот за двојазичност не смее да се биде. Ако некому му значи нека си го тера таму во таа држава каде што се зборува. По сите параметри не се ни 15 не си ни 20 проценти. Прво нека се направи попис, а потоа нека бараат рамковни закони, рече еден прилепчанец.
-Ова е Македонија и само еден службен јазик може да има во оваа држава. Поддршка за претседатлот да не го потпишува указот, ние стоиме зад него. Македонија останува унитарна со еден слубен јазик, рече друг граѓанина.
-Се повикува целиот македонски народ, да најдеме начин да се спаси македонскиот јазик, оти ако продолжи вака од Македонците нема да остане ништо,
– Договор беше мировен договор во 2001 година, каде никаде не пишува двојазичност, велат граѓаните.
Изминатите денови граѓани протестираат пред домовите на пратеници од СДСМ, изразувајќи револтот затоа што гласале за Законот за јазици. Синоќа прилепчани се собраа пред домот на пратеничката на од Прилеп, Кети Смилевска, а исто така протест имаше и пред домот на пратеникот од Велес, Панче Иванов.
Емилија Мисирлиевски