Владата oдбива да одговори за изедначувањето на акцизата на екстра лесното гориво со дизелот

За владата е прифатлив предлогот на Стопанската комора за покачување на акцизата за безоловниот бензин и евродизелот за два денари.

„Тој предлог е на маса. Веќе изработуваме предлог уредба. Владата е колективен орган којшто носи одлуки. Знаете дека сите предлози кои шо потекнуваат се на реална основа и како што сметаме дека е прифатливо, согласно земајќи превид и пресметки и фискални импликации. Предлогот беше за два денари да се зголеми акцизата на нафтата. Заедно со царинската управа работиме конкретно на предлогот и наскоро ќе излеземе со точна информација“, вели Нина Ангеловска, министер за финансии.

Иако побаравме одговор дали за Владата е прфатливо и второто барање на Стопанската комира да се изедначи акцизата за екстралесното готриво со таа на дизелот, за сега одбиваат да дадат одговор.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со зголемување на акцизата , граѓаните драстично ќе осиромашат.

„Во моментов сведоци сме како гледаме дека има предлог од страна на владата да се покачи акцизата на нафтените деривати и горивата за 2 денари. Ова е недопустливо и ова е невидено, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Поранешниот министер за финансии и актуелен член на економскиот совет на владата Трајко Славевски вели дека единствено за што треба да се размисли е изедначување на акцизата на екстра лесното масло со дизелот каде се прават и големи малверзации.

„Ме чуди што овој предлог доаѓа од стопанска комора на македонија, ако се има во вид дека ваквата мерка ќе значи зголемување на трошоците на претпријатијата кои се и самите членки на оваа комора. Мислам дека не треба да се прифати овој предлог за зголемување на акцизата на течните горива. Единствено треба да се размисли за делот од предлогот за изедначување на акцизата за екстра лесното гориво со таа на дизелот. Овде се прават големи малверзации и државната каса е во континуитет оштетена за значително приходи по овој основ“, вели Славевески.

Вчера, Стопанската комора предложи за два денари да се зголеми акцизата за безоловниот бензин и евродизелот, додека акцизата за екстралесно гориво да се изедначи со акцизата за дизел горивото, како пакет решенија за справување со економските проблеми кои се резултат на корона вирусот.

Од Комората сметаат дека со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво.

Марија Дивитарова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ