
Владата очекува сите чинители во општеството најригорозно да ги почитуваат мерките на институциите
Владата на република Северна Македонија секојдневно носи мерки, препораки, заклучоци и уредби се со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, да се санираат економските штети и државата побрзо да излезе од оваа кризна состојба.
Колективното здравје и здравјето на секој граѓанин е најважно.
Оттука ви посочуваме дека сите чинители во општеството имаат обврска најригорозно да ги почитуваат мерките на институциите, бидејќи за здравјето на сите граѓани се работи, а владата ќе продолжи да создава и реализира мерки за да помогне на сите заедници и на општеството и граѓаните.
Истовремено, обвинителството потврди дека ги следи сите досегашни изјави и ќе се следи натамошниот тек на изјавите и однесувањата и во зависност од констатираните состојби ќе се постапува согласно законот.