
МВР и Здравство предлагаат продолжен полициски час за велигденските празници
Министерствата за внатрешни работи и здравство предлагаат за престојните велигденски празници, полицискиот час во државата, воведен заради пандемијата корона вирус, да биде дополнително проширен и да трае 4 дена.
Според овој предлог, полицискиот час би требало да почне во 16 часот во Четврток на 16-ти април и би траел до 5 часот наутро во Вторник, на 21-ви април.
Овој предлог дополнително треба да биде разгледан и на седница на владата.