Четири месечно бебе од Кочани најмалиот пациент заразен од корона, денеска 46 новозаболени

Четири месечно бебе е најмладиот пациент во земјава заболен од корона вирус.

Заедно со неговата мајка од Кочани се заразени од корона вирус и примени на инфективната клиника.

Ова го потврди министерот за здравство венко Филипче кој вели дека за сега се во стабилна состојба, но не се знае како се заразиле.

Брзата помош со прилепски регистрации која претпладнево пристигна на инфективната клиника во Скопје придружувана од лекари и медицински персонал со полна опрема, донесе нов пациент, заразен со ковид 19. Најевројатно се работи за жена од тој регион која е неопходно да се лекува на клиниката каде лежат најтешко болните пациенти.

Но таа е само една од вкупно 663 регистрирани случаи во земјава до денеска. Новата бројка која ја објави министерството за здравство за изминатово деноноќие е 46 потврдени позитивни на корона вирус.

Најмногу повторно се од Куманово 13, од Скопје се 12, но денеска има и зголемувања во Прилеп и Велес од по 8 заболени, од Струга се двајца, Кочани еден а Пробиштип за прв пат се впиша на листата градови со еден регистриран случај од Ковид 19.

Доктор Илир Демири секојдневно комуницира со болните од корона вирус кои лежат на инфективната клиника и вели дека секој случај е посебен и сечие здравје и живот се битни.

“Не групирам млади сите сме луѓе се трудиме чувствата да ги изолираме, болката е присутна во секој од нас кога починуваат млади интензитетот на болка е појак, се трудиме се да дадеме од нас не успеваме” – вели Демири.

Во изминатото деноноќие направени се 341 тест.

Во земјава до сега пак се извршени  6.571 тестирање на Ковид 19. Министерството со донацијата од Холандија ќе го дуплира капацитетот на државната лабораторија за тестирање, а денеска ги отвора понудите за нови тестови и респираторни машини.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ