Градоначаникот на Дебар побара од Владата да одлучи – дали ќе се продолжи кризната состојба

Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука кој воедно го раководи и кризниот општинским штаб, побара од Владата одговор дали во општина Дебар по истекот на 3о дена ке остане прогласената кризна состојба или не.

,, Одговорот треба да го дадат надлежните институции во земјава , бидејки тие се компетентни за тоа прашање ,, истакна на средбата со новинарите во Дебар градоначалникот Дука кој додаде дека до 11 април треба да се знае овој одговор .

Владата прогласи кризна состојба за општините Дебар и Центар Жупа  на 13 март , бидејки во регионот беа регистрирани првите болни од Коронавирус во земјава и тоа прво во Центар Жупа и тоа две лица –сопружници кои биле вратени од Италија , а потоа и во Дебар .

Во Дебар по пети ден нема нови болни  така што  бројот на болните од Ковит 19 до денес е 49 од кои 4 веке починале . Во Центар Жупа по инфекцијата што ја имаа две лица , нема нови случаи на болни .

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ