
Почина родилката од Куманово позитивна на коронавирус, бебето е во добра состојба
Почина 27-годишната родилка од Куманово која беше позитивна на КОВИД-19. Од министерството за здравство информираат дека родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста бил фатален. Истовремено
Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.