Усвоени законски измени за стечајците

Парламентарното мнозинство ги усвои измените на Законот за стечајци, со кои се овозможува материјално да бидат обезбедени дополнителни 2.000 лица, коишто ќе добиваат месечен материјален надоместок во износ од 7.596 денари, рече на прес-конференција пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска.

Поголема флексибилност е дадена и со условот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице (најмалку 52 години за жени, односно 55 години за мажи).

 Лицата кои што бараат материјален надоместок условот за возраста треба да го исполнуваат во моментот на поднесувањето на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување, а не од моментот на стапување на сила на постојниот закон, како што беше досега.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ