Регионална болница за лекување на пациенти  позитивни на КОВИД-19 во Битола

На стотина метри од  Клиничката болница во Битола, се наоѓа Инфективното одделение. Овој објект кој е физички оддвоен  од  главната болнича зграда  уште при самата изградба  пред  половина век,   сега станува Регионална болница за лекување на пациенти  позитивни на КОВИД-19  кои имаат средно тешка и тешка клиничка слика.  На располагање се   35 болнички кревети,   20 во одделот за изолација и 15 во одделот за  пациетни кои чекаат резултат од тестови

-До днесе имаме четири пацинети кои се сместени во болничко лекување, а останатите пациенти во домашна изолација и домашен третман, а се контактираат двпати на ден од страна на дежурните инфектолози, вели Билјана Гагачова, директор на Клиничка болница Битола.

Регионалната болница има просторна можност за зголемување на капацитетот до 100 болнички кревети, што подразбира потреба и за  зголемување на медицинскиот персонал. Во монетот има 5 инфектолози кои засега целосно ги задоволуваат потребите и работат  во групи  по систем на двонеделана  ротација, за да се исклучи ризикот да заболи  целиот медицински персонал.

– За почетоко имаме доволно кадар од инфектолози, пнеумофтизиолози и пулмолози кои ќе ги задоволат потребите за третман на  овие пацинети. Доколку  се појави потреба може да се случи да побарае шомош од колегите од Регионот, вели Гагачова.

Гагачова уверува дека нема причина за вознемиреност кај  битолчани,  затоа што позитивни на КОВИД-19 не влегуваат во главната болничка зграда. Се запазуваат сите протоколи, има патека на движење, па  заболените  немаат никаков контакт со останатите пациенти.

-Нив ги носи Итната медициснка помош по протокол. Имаме патека на движење. Застануваат на задниот служебн влез на Инфкетивно одделение, пациентот го презема сестра во целосна оперма. Се оди по најкраткиот пат и се носи во изолационото одделение. Патеката по која се движел пациентот потоа се дезинфицира, вели директорката Гагачова

Во Регионалната болница   има заштитна опрема за здравствените работници во изолационото одделение кои работата со пацентите заразени со КОВИД-19 за следните три недели, а во  моментот  се врши и нова набавка, велат од менаџментот на болницата.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ