
Екстра 300 евра по аптека за надминуање на кризата со лекови
Екстра пари за аптеките што имаат склучено договор со Фондот за здравство. За да се спречи нова криза на лекови, месецот секоја од нив ќе добие финасика инјекција од дополнителни 300 евра. Раководството на фондот не знае што точно ја предизвика мартовска криза, но се сомнева дека скапи лекови се чувале во фиока во аптеките, а матичните лекари неконтролирано препишувале лекови. Прстот го вперија и во пацинетите кои непотребно прават залихи на лекови во нивните домашни аптеки.
Покрај сомнежите за манипулации од страна на аптеки и матични лекари, според Фондот влијание во последната криза за лекови имаат и грипот и аерозагадувањето, кога оправдано расте бројот на издадени рецепти. Дополнителен проблем е порамнувањето кое се прави два пати во годината, во март и во септевмри.
Вкупниот годишен буџет за лекови на рецепт пак е зголемен за еден милион и 600тини илјади евра, а долгорочено решение за искоренување на честите кризи со лекови е електронско поврзување со аптеките и матичните лекари. Мрежата најверојатно ќе се воспостави за околу три години. Дотогаш остануваат да важат квотите.
Весна Јовановска – Дојчиновска