Малите економии да се отворат кон светот

Стопанствениците од малите економии како Македонија немаат голем избор, тие мора да се менуваат, да воведуваат нови технологии и трендови за да може нивниот производ да биде конкурентен на светските пазари. Најважно да се создаде можност младите да размислуваат како претприемачи а потоа да се види дали трендовите што ги наметнува времето ќе им помогнат на бизнисмените од малите држави.

„Треба да видиме дали новите трендови носат нешто ново на пазарите на малите држави кои не се доволно силни за да можат со обични економски чекори да конкурираат на глобалниот пазар.Добро е секаде во новите држави , образовниот систем да го потпомага претпримеништвотоно уште повеќе да има образовен систем кој ќе ја потпомага идејата на граѓаните како да управуваат со државата“, вели Мојмир Оцвирк.

„Новите информатички технологии го менуваат начинот на работа во секој сектор од економијата,во здравствениот систем, услугите, финансискиот сектор.Ова е можност малите земји да воспостават паметни технологии така што ќе работат уште попаметно“, вели Боштјан Шпетич од словенската компанија „Програмик“.

Владата може да креира економски мерки рече вицепремиерот Анѓушев, но без владеење на правото и политичка стабилност во државата, малкумина ќе можат да зборуваат за бизнис. Според него за поголем стандард неопоходен е поголем извоз и инфраструктурни инвестиции кои ќе бидат продуктивни.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ